Вилата Evgenia се наоѓа на само 20 метри од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата, сите се комплетно нови, прва година се во употреба и имаат целосно нов мебел. Сите  имаат комплетно опремени кујни со електрични шпорети со рерни и фрижидери со одделни комори за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената (петкреветните дуплекс апартмани имаат телевизори и клими во секоја спална соба). Сите сместувачки капацитети имаат по две тераси со поглед во дворот на вилата или со поглед на улица. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Во вилата е забрането внесување на домашни миленичиња.

 Напомена: Апартманите се комплетно нови и ќе бидат прва сезона во употреба. Во овој момент целосно е готов апартманот бр. 3. Апартманите бр.1 и бр.2 сеуште се опремуваат со нов мебел и фотографиите од нив ќе можете да ги погледнете откако ќе бидат целосно завршени.

 

-7% попуст за целосна уплата до 29.02.2020

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)

Печати понуда