Небесниот  Град… тоа е  капијата преку која се влегува во независната монашка држава Света Гора, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Уранополис е тесна граница меѓу ноќниот живот и аскетската духовност… до скоро речиси целосно  изолиран за масовен туризам, а сепак најатрактивно летувалиште заради небесно сината вода и волшебните плажи…Старата кула од Византискиот период на брегот од морето е симболот на овој град. Од овде секојдневно испловуваат бродови до Дафни-главното пристаниште на Света Гора, како и до ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по  прекрасните  плажи. Уранополис е преубав приморски град со недопрена природна убавина, златни песочни плажи, чисто море, неповторлива атмосфера. На само десетина километри пред градот е пристаништето Трипити, од каде со траект можете да пристигнете на Амоулиани – единствениот населен остров на Халкидики и тука неколку часа да уживате на преубавата песочна плажа Golden beach… Привилегија е да летувате во Уранополис, во местото во кое владее апсолутен мир, дестинација која досега беше позната само по хотелите кои се изградени надвор од градот.

Во нашата понуда за сезоната Лето 2020 повторно ја имаме вилата „Thanos“ што се наоѓа на самиот влез во  градот, со студија и апартмани кои имаат преубав поглед на раскошната морска непрегледност и на привлечните острови, опремени со мини кујни, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од најубавата плажа е оддалечена околу 300 метри.

Напомена: Сите сместувачки капацитети се во фаза на реновирање и ќе бидат готови за новата сезона. Фотографиите кои се сега поставени се од нереновирани студија и апартмани. 

Локација на објектот

-10 % попуст за целосна уплата до 29.02.2020

 

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)

Печати понуда
Печати понуда