01.05.202Поаѓање во 12.00час. од пред Бран,преку Грција,ноќно возење со попатни одмори.

02.05.24 Пристигнување во Анкара во утринските часови,разгледување на градот со водич: Мавзолејот на Ататурк,Парламентот,статуата на Кемал Ататурк,храмот на императорот Август,   Џамија Хаџи-Бајрам…Сместување во хотел.Слободно попладне за шопинг.Вечера.Ноќевање.

03.05.24Појадок.Поаѓање за Кападокија-позната по своите рељефни форми,формирана по избувнување на 2 вулкани,спомената во Библијата,каде раните Христијани се населиле да ја проповедаат христијанската религија.Попатно,фото-пауза на2-рото по големина солено езеро Туѓ Ѓули.Пристигнување во Кападокија, посета на подземниот град Кајмакли-еден од најголемите подземни градови во Кападокија,со 8 ката под земја,во длабочина од 85м.Поплад-нето сместување во хотел во градчето-касаба Ургуп.Слободно време.Вечера.Ноќевање.

04.05.24.Појадок.Целодневно разгледување на најинтересните места во Кападокија,со водич: Долината на Камилата,Долината на приказните или Музејот на отворено-Зелве, Долината на пашата- Паша Ба, Националниот Парк Ѓореме-центарот на раното христијанство, во тие пештери се наоѓаат цркви и манастири.Пауза за ручек.Посета на касабата Аванос-позната по традиционалното рачно ткаење на килими и Грнчарство-посета на Грнчарска работилница. Вечера.Вечерта факултативна посета на Национален ресторан со ориентална фолклорна програма, Танц на дервишите, со неограничен пијалок и мезе.Ноќевање 

05.05.24 Појадок.Заминување за Бурса, со попатна посета на највпечатливиот скалест замок-Учхисар-симбол на архитектонските чуда во Кападокија.Продолжување за Бурса,  пристигнување во вечерните часови.Сместување во хотел.Вечера.Ноќевање.

06.05.24 Појадок.Бурса– првиот главен град на Отоманската империја, се наоѓа во областа Анадолија..Разглед на градот со водич:познатата Ули Џамиjа  со дваесет блескави мали куполи и извонредна фонтана во внатрешноста,Зелената џамија, Паркот Топхане во кој се наоѓаат Саат кулата, гробниците Осман Гази и Орхан Гази како и историските топови. Градот од 1490 год. бил центар на производството на свила.Посета на Коза Хан– „познатиот пат на свилата“, кој е единствен со своите безброј продавници со свилени марами.Слободно време за чај и ручек  со познатиот специјалитет на Бурса-Искендер ќебап.Попладнето поаѓање за Македонија преку Чанакале, па преку Грција,ноќно возење со попатни одмори.

07.05.2024г.Пристигнување во Прилеп во утринските часови.

                        ЦЕНА: 18600 ден.за резервации и уплати од 30% до 15.03.2024г.

Редовна цена 19900 ден.

 

Во цената е пресметано:

  • автобуски превоз на дадената релација,
  • 1 полупансион во хотел Sergah со 4* во Анкара
  • 2 полупансиони во хотел TasSaray so 4* во касабата Ургуп-Кападокија
  • 1 полупансион во хотел  Ferro со 3* во Бурса
  • разгледување на Анкара,Кападокија и Бурса со локален водич
  • организација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената не е пресметано:

  • патничко здравствено осигурување без франшиза—300 ден. до 65год.
  • превоз,водич со влез во подземниот град Кајмакли-20 €
  • превоз,водич со влез во музејот на отворено Зелве+Паша ба- 20 €
  • превоз,водич со влез во манастирскиот комплекс Ѓореме – 25 €
  • превоз,водич со влез на тврдината Учхисар -10 €
  • посета на ресторан со програма и Танц на Дервиши+мезе+ неограничен пијалок-35е
  • влезници за други културни знаменитости и музеи
  • летање со балон над Кападокија-во зависност од временските услови (190-200еур)

 

Напомена:  Краен рок на пријавување до 15.04.2024 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Печати понуда
Печати понуда