30.12.2023 Поаѓање за Белград пред агенција во 00.30 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан:Воениот музеј, Споменикот на победникот… Сместување во хотел. Слободно време за прошетка во центарот на Белград, по пешачката улица Кнез Михајлова или факултативна вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.
31.12.2023 Појадок. Факултативен целодневен излет до Сремски Карловци кој освен со својата прекрасна архитектура, познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол, кое може да се вкуси во некоја од винариите во Карловци. Притоа со локален водич ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата, фонтаната “Четири лава”… Потоа се продолжува до градот Нови Сад – разгледување со локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание… Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград. Вечерта дочек на Новата 2024 г. на плоштад со богата музичка програма со познатите звезди…Ноќевање.
01.01.2024 Појадок.После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 8600 ден. за резервации до 01.12.2023, редовна цена 9600 ден.
Во цената се вклучени следните услуги:
– автобуски превоз на дадената релација
– сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Белград со локален водич
– лиценциран придружник на аранжманот
Во цената не се вклучени следните услуги:
– здравствено патничко осигурување- 200 ден. до 65год., 350ден. до 70год, 500ден. до 80год.
– целодневен излет до С. Карловци и Нови Сад – 25 евра
– крстарење со сплав по реките Сава и Дунав – 15 евра
– влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици
Напомена: Може да се патува со лична карта или пасош. Рок на пријавување до 22.12.2023.