1 ден. 30.12.2024

Будва Нова година 2025: Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ „Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

Поаѓања вклучени во цената од Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; Струмица 20.00 часот; Радовиш 20.30 часот; Штип 21.30 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 22.00ч.

Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има 13,338 жители. Брегот околу Будва (наречен Будванска ривиера) е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземната архитектура. Секоја година во Будва се организираат спектакуларни концерти за дочекот на новата година.

2 ден. 31.12.2024

Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување.

Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера.

Вечерта дочек на Новата 2025 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.

3 ден. 01.01.2025

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект.

Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…

Попладне враќање во Будва. Слободно време.

Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва. Ноќевање.

4 ден. 02.01.2025

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват.

Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино.

Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град, но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти.

Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена:

99€ (6.100 мкд)
превоз и приватно сместување

129€ (7.950 мкд)
ПРЕВОЗ И СМЕСТУВАЊЕ ВО 3* ХОТЕЛ

Во цената се пресметани следните услуги: