Убавицата на Дунав – БУДИМПЕШТА
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Градот од двете страни на величествениот Дунав, град со богато архитектонско и историско наследство, нуди неспоредлива комбинација на култура, одлична кујна и термални бањи …Од едната страна Будим, со термалните бањи од отоманската ера, во подножјето на спектакуларниот рид Гелерт, кралската палата и црквата Матијас, зрачи со мир. Од другата страна Пешта, живописна и жива, богата со музеи, културни и историски богатства, извонредна архитектура, како што е зграда на парламентот, една од највеличествените во светот, базиликата Свети Стефан, опкружена со пешачки улици и целосно реновираниот Еврејски Кварт.
10 март (петок) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 17.30 часот. Полетување за Будимпешта со лет на Визер во 19.40 часот. Слетување во Будимпешта во 21.05 часот. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.
11 март (сабота) БУДИМПЕШТА
Појадок. Панорамски разглед на градот: од споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, преку мостовите на Дунав, кои ги спојуваат Будим и Пешта, на Цитаделата – Кралската палата, Црквата Св. Матејас, и на крај Рибарската тврдина. Потоа, препорачуваме – крстарење со брод под прекрасните мостови на Дунав, за да се запознае Будимпешта од еден друг агол. Потоа, посета на национален ресторан – Чарда со богата музичка и фолклорна програма за да се вкусат славните креации на Унгарската кујна. Ноќевање.
12 март (недела) БУДИМПЕШТА
Појадок. Можност за посета на Зоолошката градина во Будимпешта– отворена пред повеќе од 150 години, поседува една од најбогатите збрики во Европа со над 1000 видиви животни, ретки видови, како и широк спектар на флора… во туристичкиот водич на Будимпешта препорачана за посета. Слободно време за индивидуални прошетки и посети. Наша препорака се: Палатата Годоло, Аквариумот, Тропикариумот, Остроот Маргарет… Ноќевање.
13 март (понеделник) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативен излет до Сент Андреа – живописното градче – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за ручек. Посета на шопинг центар Arena Plaza. Трансфер до аеродром, полетување за Скопје со Визер во 22.45 часот. Слетување во Скопје во 00.10 часот по полноќ.
Цена за уплати до 15.01: 369 евра (22.880 мкд)
Цена на аранжманот: 429 евра (26.600 мкд )
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Авински превоз на релација Скопје – Будимпешта – Скопје
-Аеродромски такси
-Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
-Сместување во хотел 3*/4* на база 3 ноќевања со појадок
-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
-Организиран разглед на Будимпешта
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.600 мкд / 20Kg 2.500 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
-Факултативен излет со превоз – Сент Андреа и посета на шопинг центар Arena Plaza 35 евра
-Крстарење со брод по Дунав 20 евра
-Вечера во чарда 40 евра (со вклучен трансфер)
-Туристичка такса 560 мкд, по лице (се плаќа во Агенција)
-Влезница за Зоолошка градина
-Влезници во музеите и културно – историските споменици
-Задолжително патничко–здравствено осигурување
-Доплата за еднокреветна соба 4.800 мкд
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.