29.12.2023 Поаѓање за Букурешт во 19 ч со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.
30.12.2023 Пристигнување во Букурешт во утринските часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
31.12.23 Појадок. Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Враќање во Букурешт. Дочек на Новата 2024г. на плоштад или во ресторан со музика. Ноќевање.
01.01.24 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на трг.шопинг центар; Факултативно можност за посета на еден од најголемите велнес центри (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 грејани базени. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
02.01.24 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА: 7900 ден. за резервации до 01.12.2023.Редовна цена 8900 ден.
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација
– сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Букурешт со водич
– лиценциран придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
– задолжително здравствено патничко осигурување 200ден. до 65год., 350ден до 70год.
– целодневен излет до Синаја-дворецот Пелеш, Замокот Бран и Брашов = 25 евра
– доплата за влезници за наведените културни историски споменици (на лице место+-25е)
– Факултативна посета на велнес центар-Терме –превоз 5еур+влезница на лице место.
За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Краен рок за пријавување до 20.12.2023година.