07.03.2024 Поаѓање за Букурешт во 19 ч со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.

08.03.2024  Пристигнување во Букурешт во утринските  часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел. Ноќевање.

09.03.2024 Појадок. Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште  во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување  и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Враќање во БукурештНоќевање.

10.03.2024 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на трг.шопинг центар; Факултативно можност за посета на еден од најголемите велнес центри (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 затоплени базени. Попладнето поаѓање за  Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

11.03.2024  Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.                     

 

ЦЕНА: 7800 ден. за резервации и уплати од 30% до 07.02.2024
Редовна цена: 8800 ден.

Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација

– сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок

– разгледување на Букурешт со водич

– лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено

– задолжително здравствено патничко осигурување 200ден. до 65год., 350ден до 70год.
– целодневен излет до Синаја-дворецот  Пелеш, Замокот  Бран и Брашов = 25 евра + доплата за влезници за наведените културни историски споменици (на лице место околу 25евра)
– факултативна посета на велнес центар-Терме –превоз 5еур+влезница на лице место.

 

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Краен рок за пријавување до 01.03.2024 година.

Печати понуда
Печати понуда