ВИЛА ЈУЛИАНОС – КРФ ИПСОС BLACK FRIDAY ПОПУСТ 20%
Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата со многу гостопримливи домакини Вила која ја работиме веќе 9то лето и од која имаме само пофалби.
Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални).
Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Вилата има wifi, телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден).
Поаѓање | Враќање | Ноќевања | Цена |
27.05.2023 | 03.06.2023 | 7 | 109еур |
03.06.2023 | 10.06.2023 | 7 | 119еур |
10.06.2023 | 17.06.2023 | 7 | 129еур |
17.06.2023 | 24.06.2023 | 7 | 139еур |
24.06.2023 | 01.07.2023 | 7 | 149еур |
01.07.2023 | 08.07.2023 | 7 | 169еур |
08.07.2023 | 15.07.2023 | 7 | 199еур |
15.07.2023 | 22.07.2023 | 7 | 209еур |
22.07.2023 | 29.07.2023 | 7 | 209еур |
29.07.2023 | 05.08.2023 | 7 | 209еур |
05.08.2023 | 12.08.2023 | 7 | 209еур |
12.08.2023 | 19.08.2023 | 7 | 209еур |
19.08.2023 | 26.08.2023 | 7 | 179еур |
26.08.2023 | 02.09.2023 | 7 | 159еур |
02.09.2023 | 09.09.2023 | 7 | 139еур |
09.09.2023 | 16.09.2023 | 7 | 129еур |
16.09.2023 | 23.09.2023 | 7 | 119еур |
23.09.2023 | 30.09.202 | 7 | 109еур |
Вклучено во цената
Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
7 ноќевања 8 дена сместување
Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој
Во цената не е вклучено
Факултативни излети
Патничко осигурување
Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7 ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
Факултативни излети
Тура на север
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Крстарење
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Крстарење Паксос и Антипаксос
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.
Аква Парк
Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
НАПОМЕНА
За споен термин се одбива добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
CHECK IN: 14:00
CHECK OUT: 09:00
Двокреветни студија (во двокреветните може да се додаде дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио или апартман.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните, доплаќа само превоз 50 евра
Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба.Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
Секој патник седи според бројот на уплата
За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА BLACK FRIDAY ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)
За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на партнер агенција