29.12.2023 Поаѓање пред агенција во 17 ч., ноќно возење низ Грција со попатни одмори.

30.12.2023 Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел или се оставаат куферите,па се разгледува Истанбул.Разгледување на градот со локален водич:Хиподромот,Плавата џамија со влез,Аја Софија- со влез, Топкапи музејот со влез во двор…Слободно време за шопинг во Аксарај и Капали Чаршија. Ноќевање

31.12.2023 Појадок. Факултативна посета на дворецот Долмабахче Сарај -последна резиденција на Отоманската Империја;факултативно Крстарење со брод по Босфорот;Факултативна посета на највискоката зграда во Европа Sapphire Seyir Terası која нуди неверојатна панорама на Истанбул(сите посети со водич).Вечерта дочек на нова 2024 на плоштад Кумкапи или вечера со програма и мени во ресторанот ГАР.Ноќевање.

01.01.2024 Појадок.Организирана посета на Цариградската Патријаршија(со влез), центар на сите православни цркви, а во нејзина близина е и боемскиот кварт Балат,со стари дрвени куќи во разни бои,со шармантни барови и ресторани.Потоа факултативна посета на Принцеските острови-архипелаг од 9 острови  со мали бродови.Таму е забрането употреба на моторни возила, се користи коњска кочија…Слободно попладне. Факултативна вечера во ресторанот ГАР,со богата програма и мени. Ноќевање.                                                                                                               
02.01.2024 Појадок. Напуштање на хотелот и се преминува мостот Галата, покрај стадионот на Бешикташ се оди до споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим и слободно време за прошетка по булеварот Таксим, кој изобилува со палати од 19-ти век, продавници со познати брендови,ресторани…Можност за посета на најпознатата продавница Коска за алва, баклава, локуми и др. На крај, посета на трговскиот шопинг центар Форум, Декатлон, каде освен шопинг може да се посети аквариумот Turkuazoo. Поаѓање за Македонија преку Грција,ноќно  возење со попатни паузи.

03.01.2024 Пристигнување во Прилеп  во раните утрински часови.

ЦЕНА:8900ден.За резервации до 01.12.2023.
Редовна цена 9900д.

Во цената е пресметано:

– автобуски превоз на дадената релација

– 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во центарот на Истанбул

– панорамско разгледување на Истанбул со локален водич(30.12.)

– посета на Азискиот дел-Бејлербеј, Патријаршијата,Таксим,Балат,Кумкапи,Коска,Форум.

– организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е пресметано:

– патничко здравствено осигурување – задолжително – (300 ден. до 65г., 550ден. до 70год.)

– факултативно крстарење со брод по Босфорот – 20 € (резер. во агенција)

– факултативна посета на палатата Долма Бахче со водич – 35 € (резер. во агенција)

– факултативна посета на Sapphire Seyir Terası -25 € (резер. во агенција)

– свечена вечера во нац. ресторан во Гар со програма и мени-31.12.2023=…;1.1.2024=35е

– факултативна посета на Принцеските острови -20 еур.                                                                                                                                                                                                                                                                                    – влезници за други културно- историски знаменитости

 

Напомена: Краен рок на пријавување до 20.12.2023 година.

Печати понуда
Печати понуда