ДОЧЕК НА НОВАТА 2022 ГОДИНА
БУДВА – ТИВАТ – КОТОР
– ГРАТИС ИЗЛЕТ ДО ОСТРОШКИ МАНАСТИР –

1 ден: 30.12.2021 год. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. ( Поаѓања вклучени во цената од Прилеп во 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот ; Кочани 19.30 часот; Штип 21.00 часот; Куманово 22.00 часот). Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден: 31.12.2021 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2022 година пред платото на Стариот град со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.
3 ден: 01.01.2022 год. Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО.Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Попладне враќање во Будва. Вечерта реприза на новогодишната ноќ во Стариот град. Ноќевање.
4 ден: 02.01.2022 год.Појадок. После појадокот заминување на излет до манастирот Острог-сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград (основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 89 евра (5.500 денари) за хотелско сместување
69 евра (4.250 денари) за приватно сместување

Во цената се пресметани следните услуги:
– Превоз со туристички автобус на дадената релација;
(Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Штип и Куманово)
– Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
– Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
– Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
– Посета на Св.Стефан;
– Излет до манастирот Св. Василије Острошки;
– Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:
– Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро (5 евра);
– Туристичка такса за Острошки манастир (1 евро);
– Локален трансфер до Острошки манастир со комбе (1-2 евра);
– Влезници за посети;
– патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош или лична карта; Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари. За овој аранжман важат општите услови за патување.

Covid 19 – Услови
За влез во Р. Црна Гора, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:
– Да се потполно вакцинирани со пропишан број на дози вакцини против новиот корона вирус пред влез во Црна Гора, која е издадена од овластена здравствена установа;
– Негативен резултат од PCR тест на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и да не е постар од 72 часа;
– Позитивен резултат од PCR тест ( прележан ) на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија постар од 14 дена, а не е постар од 180 дена од денот на издавањето;
– Негативен резултат на брз антигенски тест на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 48 часа.

Covid 19 – Услови
За влез во Македонија назад, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 со поминати 14 дена од втората доза;
– Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
– Медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во Македонија или
– Негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во Македонија.

За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.

Печати понуда