НОВА 2022 година во

САРАЕВО

Мостар – Вишеград – Мокра Гора

30.12.2021 Поаѓање за Сараево во 20 ч. преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.

31.12.21 Во утринските часови пристигнување во Сараево и негово разгледување со локален водич: Врело Босне, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата. Сместување во  хотел БМ со 4*. Слободно попладне во Сараево на – Башчаршија. Вечерта дочек на новата 2020 год. на плоштад каде на најлудата ноќ илјадниците сарајлии и туристи ќе ги забавува ………….Ноќевање.

01.01.2022Појадок. Факултативен излет до Мостар, со попатна посета на Бункерот –Атомската скривница на Тито во Коњиц (градена од 1953-1979г.) и стариот мост во Коњиц Камена Чуприја од 1682г.. Потоа се продолжува и се посетува срушениот-историски Мост од “Битката на Неретва” кај ЈабланицаПристигнување во Мостар- град со многу мостови,  сместен на реката Неретва. Посета на  Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 – 1566 год., 2004 год. ставен под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак со занаетчиски дуќани, саат кулата, Караџорџевата џамија… Попладнето враќање во Сараево. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

02.01.2022 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – “Дрвениот град” дело на Емир Костурица,како и единствената туристичка-музејска железница“Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со паузи.

03.01.2022 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

ЦЕНА: 5600 денари

Во цената се пресметани следните услуги:

– превоз со туристички автобус;

– сместување во хотел  БМ со 4* на база 2 н/п https://bminternationalhotel.inn.fan/

– разглед на Сараево со локален водич

– попатни посети на Мокра Гора, Вишеград

– организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

– патничко и здраствено осигурување – без франшиза – 200 ден до 65 година , од 65 -70 година – 400 ден

– факултативен излет до Коњиц и Мостар -10 € + 12.5 еур за влез во Бункерот на Тито

– факултативна вечера со музика во ресторан 01.01.2022 – 20 €

– влезници за културно историските споменици.

Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2022 година.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА  / МАКЕДОНИЈА

Негативен PCR или негативен Брз антиген тест, потврда / сертификат за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината), Сертификат за прележан Covid-19 (по 1 месец од потврдената инфекција, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање односно 45 дена за во Македонија), за деца до 12 г се ослободени од овие мерки додека старосната граница на децата во Македонија се оденсува до 18 г.

Т. А. Бран Турс ви ја честита новата 2022 година.

За овај аранжман важат општите услови за патување на ТАБран Турс.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Печати понуда