Термин: 30 декември 2021 / 5 дена – 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 30.12 (четврток)  СКОПЈЕ – ВИЕНА
Поаѓање од Штип во 12:30 пред Стадионот. Од Скопје во 14:00часот пред WIP хоте, насроти East Gate Mall. Куманово во 14:45 бензиска макпетрол (автопат). Се патува преку Србија и Унгарија со попатни одмори за царински формалности.


2ден/ 31.12 (петок)  ВИЕНА ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2022***
Пристигнување во Виена во предпладневните часови, панорамско разгледување на градот со локален водич: булеварот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедаралата Св. Стефан, шарената куќа Хундервасер… Сместување во хотел. Слободно време за одмор и подготовки за дочекот на Новата 2022. Во вечерните часови во организација со трансфер до центарот на Виена во близина на плоштадот Ратхаус каде што ќе ја доживеете најубавата атмосфера во Европа со секаков жанр на музика а и воедно да се напиете топло традиционално црвено вино. Во договорено време трансфер до хотелот. Ноќевање


3ден/ 01.01 (сабота)  ВИЕНА – ШЕНБРУН – БЕЛВЕДЕРЕ – ВИЕНСКИ ПРАТЕР
Појадок. По појадокот се заминува во центарот на Виена. На видео бим ќе ја проследите главната Виенска филхармонија на Новогодишниот концерт и традиционално да заиграте валцер со музиката на Штраус и делата на класичната музика. Можност за факултативна посета на дворецот Шенбрун, Хазбуршката резиденција од 1700г. еден од најубавите во Европа како и дворецот Белведере. По слободно време во посета на Шенбрун и Белведере заминуваме кон Виенскиот пратер каде ќе можете да го доживеете најстариот парк во Европа кој е симбол на Виена. Во вечерните часови враќање во Хотел. Ноќевање.


4ден/ 02.01 (недела)  ВИЕНА PARNDORF OUTLET – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот заминуваме во центарот на Виена, слободни активности за прошетка, шопинг… Во 13 часот поаѓаме кон Македонија со попатна пауза во Parndorf outlet center кој се наоѓа на патот од Виена кон Будимпешта. Во пладневните часови продолжуваме кон Македонија преку Унгарија,Србија, ноќно возење со попатни паузи.


5ден/ 03.01 (понеделник)  СКОПЈЕ   Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.


Цена на аранжманот: 180€ / 11.160мкд

За уплата до 05.12.21:  165€ / 10.230мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • – Oрганизација и водство на патувањето со пратител од агенцијата;
  • – Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевање со појадок;
  • – Разглед на Виена со локален водич;
  • – Превоз со високо туристички автобус.
  • – Посета на  Parndorf outlet center.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  • – Посета на дворецот Шенбрун, Белведере и забавниот парк Виенски пратер 30€ доплата за влезница на лице место;
  • – Доплата за SNGL соба +90€ од цената на аранжманот;
  • – Патничко осигурување 200мкд; 
  • – Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата.

Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди час и место на поаѓање.
Се патува со 2 примени вакцини (изминати 14 дена од вторара) и важечки пасош од минимум 3 месеци.

Печати понуда
Печати понуда