ДОЧЕК НА НОВА 2022 ГОДИНА-ЗЛАТИБОР

(Сирогојно, Мокра Гора, Дрвенград) 

(30.12.2021 – 02.01.2022) 

Златибор, една од најубавите планини во Србија… Доколку копнеете по неверојатно убави пејзажи и чист планински воздух, тогаш Златибор е вистинскиот избор…

Престолонаследникот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ уште во 1905-та година за ова планинско место запишал:

По својата романтичност, Златибор со право може да се нарече Швајцарија без езера“.

Има неколку легенди како планината го добила името, но сите се поврзани со белиот бор кој на едни им бил инспирација за творештво, а на други извор за егзистенција…

Гледај високо, диши длабоко…Ова е Златибор

30.12.2021 (четврток)

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции)кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

1 ден: 31.12.2021 (петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствената музејска поставка под отворено небо каде има педесетина оригинални куќи-брвнари кои прикажуваат како изгледале куќите во златиборските села пред повеќе од два века.Во музејскиот комплекс доминира куќа од типот на златиборската брвнара изградена во комбинација на камен и дрво а околу неа се наоѓаат помошните простoрии: гостинска куќа, млекара, амбар, занаетчиска работилница, штала… Во 70-те години од минатиот век жените се погрижиле селото да не остане познато само по етно музејот; успеале да го лансираат еден од најголемите српски модни брендови-сирогојскиот џемпер плетен од волна од врвен квалитет и украсен со шари од автентични златиборски мотиви. При посетата на Сирогојно ќе можете да го разгледате Музејот на плетачкитево кој се изложени квалитетни волнени производи. Освен тоа, тука се чуваат текстови од модни часописи и ревии, писма и фотографии на познати личности кои имале барем по еден експонат од колекцијата на златиборските плетачки: Јованка Броз, Барбара Буш, Ненси Реган, позната глумица Лив Улман, славниот француски креатор Пјер Карден… Пауза за кафе и закуска во некој од рестораните во Сирогојно а потоа враќање во Златибор. Сместување на групата во хотел „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs). Слободно време за одмор и за уживање во базенот во хотелот (бесплатно користење). Хотелот располага и со модерен релакс центар чии услуги можете да ги користите со доплата (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум). Вечера во ресторанот на хотелот. Вечертадочек на Новата 2022 година во Златибор во сопствена организација. Ноќевање.

2 ден: 01.01.2022 (сабота)

Појадок. Слободен ден за разгледување на убавините на Златибор. Започнуваме со раскошниот поглед од 1500 метри надморска висина: Ќе уживаме во најновата туристичка атракција во Златибор-ќе се возиме на најдолгата панорамска гондола на светот, Златната гондолакоја го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. Гондолата официјално започна со работа во јануари годинава и за време на девет километарската траса на туристите им се овозожува несекојдневно уживање во живописните пејзажи над Златибор. Гондолата има една меѓустаница на Рибничкото Езеро каде на површина од 200 хектари е планиран развој на проектот Нов Златибор каде ќе се развива туризам од висока категорија. По завршувањето на возењето со гондолата, се враќаме назад во центарот на Златибор. Слободно време за индивидуални прошетки. Кога ќе зачекорите низ овој туристички центар, првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Со цел да ги задоволи интересите на посетителите од сите возрасти, од неодамна во Златибор е достапна најновата забавна содржина – Дино паркот лоциран во непосредна близина на хотелот Чигота, каде се поставени повеќе од 30 реплики на различни диносауруси. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање. 

3 ден: 02.01.2022 (недела)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Мокра Гора каде не` очекува уште една авантура- ново возбудливо патување со популарниот воз Ќира. Оваа пруга во минатото била врската на Европа со Јадранско Море, а денес на релација од Мокра Гора до станицата Шарган Витаси сообраќа Шарганската Осмица. За време на патувањето, ќе имате можност да уживате во импресивните предели на планините Златибор и Тара, а од видиковците од каде попатно се застанува се гледа целата природна убавина. Од таму се упатуваме на ридот Меѓавник каде по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица е изградено етно селото Дрвенград. Самиот Кустурица за Дрвенград ќе рече: „Измислив град кој изгледа како во него отсекогаш да се живеело. А не се живеело никогаш“. Изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“, селото потсетува на вистински град: на самиот влез има голема влезна капија од каде започнува главната улица која се протега се до другиот крај каде се наоѓа мала дрвена православна црква со дрвено ѕвонче посветена на Свети Сава, градена по угледот на руските црквени брвнари. Во централниот дел на селото е плоштадот поплочен со дрвени коцки и опколен со брвнари кои се автентични и пренесени од околните села. Во секоја од нив се содржините карактеристични за секој град: хотел Меќавник, галерија со слики, библиотека, кино сала сместена под земја, слаткарница со домашни колачи и природни сокови, национален ресторан и продавница со народни ракотворби од тој крај… Улиците во селото добиле имиња по познати личности од науката и културата. Така, главната улица го носи името на Иво Андриќ, а покрај неа се улиците Ернесто Че Гевара , Диего Марадона, Миодраг Петровиќ Чкаља, а една улица го носи и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Стручното жири на Бриселската Фондација за архитектура оваа градба ја прогласила за најдоброто архитектонско остварување во изминатите три години во Европа. Дрвенград веќе има статус на град хотел со 4 ѕвезди, , исто како што е Свети Стефан во Црна Гора. Слободно време за разгледување на етно селото и за уживање во вкусните специјалитети во ресторанот и слаткарницата. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 16евра (10.480 денари)

(плаќање во денарска противвредност) 

Напомена: Цената за сместување во двокреветна еconomy room се намалува за евра по лице!

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус

– Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Cigota“ 3***во Златибор

– Користење на базенот во хотелот

– Посета на Сирогојно со вклучена влезница во Музејот на отворено

– Билет за гондолата во Златибор

– Билет за возење со популарниот воз Ќира на Мокра Гора

– Организирана посета на етно селото Меѓавник на Дрвенград со вклучена влезница

– Туристичка такса

– Локален туристички водич за разглед на Златибор, Сирогојно и Дрвенград

– Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 – Користење на релакс центарот во хотелот

– Доплата за еднокреветна соба – 20 евра (за двете вечери)

– Патничко осигурување

Услови за деца: До 7 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица), од 2-12 години плаќаат 70 % од цената на аранжманот доколку користат сопствен кревет. Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 15 евра по лице (за деца 10 евра)

Напомена: 

– Двокреветната еconomy room е со помала квадратура од стандардната двокреветна соба. Има еден француски кревет со ширина од 140 см

– Доколку во апартман бидат сместени само две лица, цената се зголемува за 10 евра по лице од вечер

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Последен рок за пријавување: 15. Декември 2021 година

Печати понуда
Печати понуда