Ден 1 29.12.2021

Состанок на групата во Скопје. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Ден 2 30.12.2021

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Сместување во хотел. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица… Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3 31.12.2021

Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Разглед на градот со локален водич: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј. Враќање од Дрезден кон Прага. Во вечерните часови организација со трансфер во близина на центарот во Прага каде што ќе ја доживеете најубавата атмосфера со секаков жанр на музика. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4 01.01.2022

Појадок. По појадокот, предлагаме посета (факултативно) на Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видите топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Вечерта, крстарење по Влтава (факултативно) каде ќе имате можност да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 5 02.01.2022

Појадок. По појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 08:00ч. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности

Ден 6 03.01.2022

Патување низ Србија и пристигнување во Македонија во утринските часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 185 евра

Дополнителни информации

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со  туристички автобус,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Прага (околина) – 3 ноќевања со појадок,
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето
  • Разглед на Виена
  • Организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Панорамски разглед на Прага со локален водич – 10 €,
  • Крстарење по Влтава – 20€,
  • Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата -30€,
  • Целодневна посета на Дрезден со локален водич – 30€,
  • Патничко осигурување.
  • Влезници во објекти 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Печати понуда