Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија… А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам… Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж… Дизниленд во Париз е местото каде што вашите соништа на Дизни се остваруваат! Замоци, шоуа, огномет, паради и вашите омилени ликови се комбинираат за да ви овозможат прекрасно поминато време. Дизни ги возбудува сите – деца, тинејџери и возрасни!!!

 

15 март                               СКОПЈЕ – ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Полетување за Париз во 06.40 и пристигнување во Париз во 09.45 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург… Сместување во хотел. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Mожност за посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Продолжуваме до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.

 

16 март                               ПАРИЗ – Версај – Лувр

Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Попладне, посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Можност за прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер. Ноќевање.

 

17 март                               ПАРИЗ

Појадок. Можност за факултативна посета (првоз со брз воз) до забавениот парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…Или слободно време за прошетки низ Париз. Ноќевање.

 

18 март               ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 10.30,  пристигнување во 13.10 часот.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 559  / 34.660 мкд

-15% попуст за ранa уплатa до 18.01475  / 29.450 мкд

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје

Аеродромски такси

Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром

Сместување во Хотел 3*  IBIS STILES ASNIERES  во Париз на база 3 ноќевања со појадок.

Организиран разглед на Париз

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Туристичка такса 990 мкд  – се плаќа во агенција

Карти за јавен превоз (метро)

Патничко-здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 10.980 мкд

 

Цена на факултативи:

Версај  –  вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич, трансфер

За возрасни 80 евра . За деца до 18 години   62 евра. Задолжително резервација во агенција.

Лувр –  вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич.

За возрасни 62 евра. За деца и младинци до 18 години 44 евра. Задолжително резервација во агенција.

Ајфелова Кула до 2кат  – само влезница,без резервација, се плаќа на лице место. Цена од информативен карактер, за возрасни 20 евра. За младиници до 24години 10 евра. За деца до 11години  5 евра.

Крстарење по Сена – 25 евра за возрасни / деца до 12 години 15 евра

Дизниленд – само влезница, за возрасни 79 евра, за деца 3 – 11 години  73 евра.  Задолжително резервација во агенција.

Цена од информативен карактер , трансферот со брз воз RER е околу 10 евра во правец,  се плаќа на лице место.

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Печати понуда
Печати понуда