Вечниот град –  РИМ

 

Авион / 4 дена / 3 ноќевања  

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…

 

09 март                      СКОПЈЕ – РИМ                                         

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 18:50 часот. Лет за Рим во 20:50 часот. Слетување во Рим во 22.35 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино… Попатно запознавање на знаменитостите, сместување во хотел. Ноќевање.

 

10 март                      РИМ 

Појадок.  Разглед на град, пешачки, во придружба на локален водич: Колосемуит, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција… плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки. Пауза за ручек. Слободно време или во придружба на водичот, прошетка, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Вечерта слободно време, враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.  

 

11 март                      РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим… Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

 

12 март                      РИМ – Ватикан – СКОПЈЕ 

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар…. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер (околу 20.00 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 23:10 часот. Пристигнување во Скопје во 00:55 часот.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 529 € / 32.800 мкд

-15% попуст за ранa уплатa до 18.01: 449 € / 27.840 мкд

 

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер

Аеродромски такси

Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг

Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Сместување во хотел 3* на база ноќевања со појадок

Организиран панорамски разглед на Рим

Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса 1390 мкд (се плаќа во агенција)      

Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг 

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Карти за локален превоз (метро)

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба

Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 65 евра

Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 65 евра

Разглед на РИМ – Антички Рим –  20 евра

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Печати понуда
Печати понуда