Мостар – Вишеград – Мокра Гора
30.12.2022 Поаѓање за Сараево во 20.00ч. преку граничниот премин Табановце,преку Чачак, Ужице , ноќно возење со попатни паузи.
31.12.22 Во утринските часови пристигнување во Сараево и негово разгледување со локален водич: Врело Босне, Народниот театар, Градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Газихусербеговата џамија, Катедралата… Сместување во хотел БМ со 4*. Слободно попладне во Сараево на – Башчаршија. Вечерта дочек на новата 2023 год. во ресторан или на плоштад, каде на најлудата ноќ ќе забавува Дубиоза Колектив …… Ноќевање.
01.01.2023 Појадок.Факултативен излет до Мостар,со попатна посета срушениот-историски Мост од “Битката на Неретва” кај Јабланица.Пристигнување во Мостар- град со многу мостови, сместен на реката Неретва. Посета на Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 – 1566 год., 2004 год. ставен под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак со занаетчиски дуќани, саат кулата, Караџорџевата џамија…Попладнето враќање во Сараево.Факултативна вечера во ресторан со музика…. Ноќевање.
02.01.2023 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено-“Дрвениот град” дело на Емир Костурица,како и единствената туристичка-музејска железница“Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек.Поаѓање за Македонија, ноќно возење со паузи.
03.01.2023 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
ЦЕНА: 6900 ден. За резервации до 25.11.2022=6200ден.
Во цената се пресметани следните услуги:
– превоз со туристички автобус;
– сместување во хотел БМ со 4* на база 2 н/п https://bminternationalhotel.inn.fan/
– разглед на Сараево со локален водич
– попатни посети на Мокра Гора, Вишеград
– организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
– патничко и здраствено осигурување-без франшиза – 250 ден. до 65год.,300ден.65-70г.
– факултативен излет до Мостар -20 €
– новогодишна вечера со жива музика-31.12.2022г.- €
– свечена вечера – 01.01.2023 – €
– влезници за културно историските споменици.
Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2022 година.