30.04.2025  Поаѓање во 18:30ч. од пред Бран за Сараево преку г.премин Табановце.Ноќно возење низ Србија, со попатни паузи.

01.05.25 Во утринските часови пристигнување во Сараевоазгледување на градот со локален водич:историското јадро “Башчаршија”, каде се наоѓаат бројни културно – историски знаменитости, прошетка по улицата “Којунџилук” од 16 век со многу занатски дуќани, потоа Еврејскиот Храм, Газихусербегова џамија, Катедралата, Народниот театар, Градското собрание.Сместување во хотел .  Слободна вечер на Баш Чаршија каде можете да ги вкусите познатите “ќебапи во лепиња”, како и десертот “туфахија”. Ноќевање.

02.05.2025 Појадок. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на изворите на реката Босна – Врело Босне, а потоа се застанува на Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од Битката на Неретва. Пристигнување во Мостар, посета на Стариот мост на Неретва-симбол на градот.Попладнето враќање во Сараево. Слободно време за прошетка и вечера на Баш Чаршија.Ноќевање.

03.05.2025 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја”кој е под заштита на UNESCO  ,изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

04.05.2025 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 6900 ден.за резервации до 31.03.2025

Редовна цена- 7900 ден.

  

Во цената е пресметано:

  •  превоз со туристички автобус
  •  сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
  •  разглед на Сараево со локален водич
  • попатна посета на Андрич град,Вишеград,Мокра Гора-Шарганска осмица и Дрвен град
  •  организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е пресметано:

  • патничко и здраствено осигурување – без франшиза – 250 ден до 65 год,400 ден 65-70год,
  • туристичка такса 1 еур по ливе по ден-се плаќа во агенција
  • факултативен излет до Мостар -20 еур
  • факултативна вечера во ресторан со музика -еур
  • доплата за еднокреветна соба – 40 еур
  • влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до 21.04.2025 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.