Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртањ на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал
31.12.2022 (Сабота)-Скопје-Сокобања
Состанок на групата на паркингот на ВИП Хотел во 05.30часот. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку Табановце со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања. Сместување во Хотел Бањица, кој е сместен во прекрасна борова шума, на 15мин пешачење до цантарот. Краток одмор, по што заминуваме на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор. Вечерта дочек на Новата Година со забавна музичка програма и богато мени. Ноќевање.
01.01.2023-(Недела)-Сокобања
Појадок. Организирано дружење во центарот на Соко бања (“Башта отвореног срца”). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности или можност за посета на термалните базени во Соко Терме. Вечерта организирана свечена вечера во хотелот. Ноќевање.
02.01.2023-(Понеделник)-Сокобања-Скопје
Поајадок. Во 10.00ч одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во 13.00ч ручек и во 14.00ч поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цена за уплати до 30.10: 199 евра / 12.340,00 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219 евра / 13.580,00 мкд
Цената на аранжманот вклучува:
*Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
*2 ноќевања со појадок, ручек и вечера
*Две свечени вечери на 31.12 и на 01.01, со богато мени со музичка програма, трубачи и лотарија.
*Неограничени домашни пијалоци (за двете вечери)
*Организирано дружење во центарот на Соко Бања
*Организација и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
*Здравствено и патничко осигурување
*Индивидуални трошоци (групна влезница за во термалните бањи 600 динари)
Мени за свечена вечера:
31.12- Новогодишна закуска, пита-зелник со павлака, шницла “Бањица”, свинско и јагнешко печење, салата од свеж зеленчк, новогодишна торта
01.01-Ордевер “Бањица”, похован кашкавал со татар сос, 3 парчиња месо на скара, салата од свеж зеленчук, баклава или тулумба
Попусти:
· Деца до 12год, во 1/3 или 1/4 соби со новогодишно мени-50% попуст
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот или личната карта треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
За ова патување важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на партнер агенција