29.12.2023 Поаѓање од пред агенција во 18.00 часот со туристички автобус, преку Албанија, Црна Гора, за Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
30.12.2023 Преку Будва, Тиват, долж Јадранската ривиера, предпладне се пристигнува во Сплит, разгледување на градот со локален водич: Плоштадот, Диоклецијановата Палата, Катедралата Свети Дује, Сплитската променада-Рива..Потоа сместување во хотел. Слободна вечер за прошетка и уживање во божиќно-новогодишната весела атмосфера. Ноќевање.
31.12.2023 Појадок. Целодневен факултативен излет со локален водич до: Трогир каде ќе се видат: Катедралата Свети Ловре, палатата Чипико, кулата св. Марко.. Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св. Јаков – која е под заштита на УНЕСКО, четирите средновековни бунари, а на 10 км се најдува Националниот парк *Крка* со познатите слапови на реката Крка и нивна посета. Враќање во Сплит. Вечерта дочек на Новата 2024 г. на плоштадот на Сплитската променада–Рива, со богата музичка програма, најавено е да настапи и да забавува хрватската звезда Дорис Драговиќ и други музички групи.Ноќевање.
01.01.2024 Појадок. Поаѓање за Македонија со попатни посети на: “Гусарскиот град” Омиш, па долж јадранската ривиера-поминувајќи покрај многу убави туристички места, а едно од нив е Макарска – нејзина посета при што ќе се видат: Кацичевиот плоштад, црквата св. Марко и прошетка по преубавото шеталиште – Рива… Потоа се оди за Дубровник каде ќе има кратка посета на стариот град и тоа: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Палатата Спонза, цр. Св. Влах… Потоа се заминува за Црна Гора со попатна пауза во Будва – прошетка во стариот дел на Будва. Продолжување за Македонија преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.
02.01.2024 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
ЦЕНА:8900 ден., за резервации до 01.12.2023,
редовна цена 9900ден.
Во цената се пресметани следните услуги:
– превоз со туристички автобус
– сместување во хотел Ас 3* – 2 ноќевања со појадок
– разглед на Сплит со локален водич
– посети на: Дубровник, Омиш, Макарска,Будва.
– организација и придружник на патувањето.
Во цената не е пресметано:
– патничко и здравствено осигурување – без франшиза – 200 ден.(до 65г.), 350ден.(до 70год.),500ден.(до 80год.)
– целодневен излет со локален водич до: Трогир, Крка и Шибеник–30 €, влез во Крка-10€
– влезници за други културно – историски споменици
– Доплата за еднокреветна соба 2400 денари.
Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2023 година.