Хотелот ЏЕНИ е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби: 1/2 со брачен кревет, 1/3 со 1 брачен кревет и 1 нормално легло и 1/4 со еден брачен кревет и две нормални легла. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Хотелот располага со базен и лежалки кои се бесплатни за користење од гостите, а исто така има и бар покрај базенот.

Цените се по ЛИЦЕ во € за 7 полупансиони Прво и второ дете до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО


Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари.

Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во соба кои плаќаат полна сума
Услуга полупансион (појадок и вечера)
Цените обележани со црвено  се промо цени и на нив не следува попуст
Сместување во соба 1/2+2 = 1 голем (брачен) кревет + 2 единечни кревети
Прво и второ дете до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
Трет возрасен во соба доплата 250 евра за цел престој.
Четврт возрасен во соба доплата 180 евра за цел престој.
Дете од 3 до 8 години како 5 то лице во соба доплата 100 €  во кревет со родител
Бебешко креветче – бесплатно,

Во цената Е вклучено:

  • 7 полупансиони (шведска маса)
  • Клима уред
  • Безжичен интернет
  • Користење отворен базен со слатка вода
  • Бесплатно лежалки, чадори на базен во хотелот
  • Детски дел во дворот на хотелот

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување (задолжително е да се има)
  • Туристичка такса 5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје

 

* 50 € возрасни// 40 € деца од 2 – 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

 

Напомени!

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до пред хотелот. Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Сместување во собите е после 14;00 часот (локално време) Напуштање на собите е до 10;00 часот (локално време)
  • За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман (не се комбинира)
  • Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
  • Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот
  • Попустите не може да се комбинираат
  • Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување) Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

Полупансион:
Појадок 08:00-10:00 часот – шведска маса Вечера
9:00-21:00 часот –  шведска маса

За време на патувањето и престојот во хотелот, гостите се должни да ги почитуваат мерките и правила согласно политика на хотелот истакнати и напоменати при влез во соба

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.