Истанбул е единствен град во светот сместен на два континента Европа и Азија. Истанбул ги чува скапоцените богатства на трите империи на кои некогаш им бил главен град. Тоа е голем космополитски центар каде што се спојуваат исток и запад.

08.10.21 Поаѓање на групата во 17 ч, ноќно возење со попатни одмори.

09.10.21 Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел во центарот на Истанбул. Организирано панорамско разгледување на градот со локален  водич: Цариградската Патријаршија, Хиподромот, Султанахмедовата (Сината) џамија, Аја Софија, Топкапи музејот. Слободно попладне за одмор. Нокевање.

10.10.21 Појадок. Факултативна посета на дворецот Долмабахче Сарај – последна резиденција на Отоманската Империја. Слободно време за одмор и шопинг во Капали и Аксарај Чаршија. Попладнето Факултативна посета на трката  во Формула 1. Ноќевање.

11.10.21 Појадок. Факултативно крстарење со брод по Босфорот.Организиран панорамски разглед со локален водич на: Римскиот аквадукт, мостот Галата, мостовите на Босфорот,посета на Азискиот дел – Чамлиџе за панорамски поглед на Истанбул, Сефир Сеир тераса со 4 Д проекции, споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим…На крај, посета на трговскиот шопинг центар ФОРУМ и поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно  возење.

12.10.21 Пристигнување во Македонија  во утринските часови.

 

ЦЕНА: 5500 денари (89 еур)

 

Во цената е пресметано:

– автобуски превоз на дадената релација според протоколот за превоз

– 2 Н/П во хотел со 3* во центарот на Истанбул

– разгледување на Истанбул со локален водич на 9-ти и 11-ти

– посета на Сината Џамија, Аја Софија, Патријаршијата,Азискиот дел Чамлиџе,Таксим…

– организација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената не е пресметано:

– патничко здравствено осигурување – задолжително – (200 денари)

– крстарење со брод по Босфорот со локален водич –  (20 евра)

– факултативна посета на палатата Долма Бахче (превоз+водич+влезница) – 25 евра

– факултативна посета на Сефир Сеир Тераса со 4Д проекција – 20 еур

– факултативна посета на трката во Формула 1

-факултативна посета на Топкапи музејот (разглед со локален водич+влезница) – 15 еур

– влезници за други културно историските споменици

 

За реализација на програмата потребен е минимум од 30 патници. Задолжително носење на маска во автобусот. Напомена: Краен рок на пријавување до 04.10.2021

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.      

Печати понуда
Печати понуда