08.10.21 Поаѓање за Сараево во 22 ч преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.

09.10.21 Во утринските часови пристигнување во Сараево. Сместување во хотел. Потоа  разгледување на градот со локален водич: историското јадро “Башчаршија”, каде се наоѓаат бројни културно – историски знаменитости, прошетка по улицата “Којунџилук” од 16 век со многу занатски дуќани, потоа Еврејскиот Храм, Газихусербегова џамија, Катедралата, Народниот театар, Градското собрание. Слободна вечер на Баш Чаршија каде можете да ги вкусите познатите “ќебапи во лепиња”, како и десертот “туфахија”. Ноќевање.

10.10.21 Појадок. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на изворите на реката Босна – Врело Босне, а потоа се застанува на Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од Битката на Неретва. Пристигнување во Мостар, посета на Стариот мост на Неретва во Мостар – симбол на градот. Попладнето враќање во Сараево. Слободно попладне во центарот на Сараево и познатата Баш Чаршија. Ноќевање.

11.10.21 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

12.10.21 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 5200 денари

 

Во цената е пресметано:

– превоз со туристички автобус

– сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок

– разглед на Сараево со локален водич

– организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

– патничко и здраствено осигурување – без франшиза – 200 ден

– факултативен излет до Мостар – 10 еур

– влезници за културно историските споменици

 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Ве информираме дека при влез во Босна и Херцеговина според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:
* Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
* Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со вас, или
* Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете со вас.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
4. Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија

 

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.

Напомена: Рок на пријавување до 04.10.2021 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Печати понуда