На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира морето!

Hotel Grand Gold 4* – Kumburgaz Turkey
Цени и термини за цело лето
Промо цените важат до 20.05.2021

 

Поаѓање Враќање цена
08.06.2021 15.06.2021 125 евра
15.06.2021 22.06.2021 129 евра
22.06.2021 29.06.2021 149 евра
29.06.2021 06.07.2021 159 евра
06.07.2021 13.07.2021 159 евра
13.07.2021 20.07.2021 169 евра
20.07.2021 27.07.2021 169 евра
27.07.2021 03.08.2021 169 евра
03.08.2021 10.08.2021 189 евра
10.08.2021 17.08.2021 189 евра
17.08.2021 24.08.2021 189 евра
24.08.2021 31.08.2021 179 евра
31.08.2021 07.09.2021 163 евра
07.09.2021 14.09.2021 149 евра
14.09.2021 21.09.2021 135 евра

 


Во цената на аранжманот е вклучено:

      –      7 ноќевања во хотел Grand Gold 4* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола и Струга
  • Туристички придружник за време на патувањето
  • Бесплатни лежалки и пешќири на плажа и базен
  • Користење на базен

 


Во цената на аранжманот не е вклучено:

      – Патничко осигурување (1 евро од ден)

  • Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.

 

Сместување е во хотел GRAND GOLD со 4* на сама плажа во Кумбургаз, кој има своја приватна плажа и за користење на лежалка не е потребна доплата. Хотелот располага со различен тип на соби од кои можат да се сместат најмалку 2 лица до макс. 5 лица а вкупниот број на соби е 73.Во склоп на хотелот има има два ресторани, еден на отворен и еден на затворен простор и базен кој е со солена вода секако бесплатен за користење.

 

Од причина што Кумбургаз е близу до Истанбул организираме целодневен излет во Истанбул. Еден од седумте денови се оди во Истанбул а програмата е следна:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

 

09:30–КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

 

11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето,групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

 

 

 

 

13:30- УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

 

16:30- EMAAR SQUERE MALL И ПЛОШТАДОТ ТАКСИМ

. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.


Цената на овој факултативен излет е 65 евра
Деца до 2.99 години/ бесплатно
Деца од 3 полни до 11,99 годинни цената е 45 евра

Овие екскурзии се купуваат исклучиво како пакет по цена од 65 евра. 


Напомени:

  • Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
  • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • Mожност за плаќање на 5 рати со депозит ОД 30%/ Уплатата на рати ја вршите по редовните цени.
  • Доколку плаќате на рати попустот не следува и истиот важи исклучиво за целосна уплата.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола и Струга

 

Печати понуда