Локација: Се наоѓа во најубавиот дел на Ханиоти, поточно во строгиот центар на градот на околу 180 метри од плажа .  Хотелот има директен излез на градскиот плоштад а со тоа и на градското шеталиште. Со оглед на местоположбата, опкружен е со бројни ресторани, кафичи, сувенирници, продавници за гардероба како и продавници за храна, мини маркети, пекари итн.

Хотелот има рецепција која работи од 8-22 часот  секој ден, ресторан во кој се служи појадокот како и интернет конекција. Располагаме со двокреветни соби на втор кат.

Секоја соба има: две единечни легла или 1 брачно легло, сопствено купатило со туш, балкон со страничен поглед кон плоштадот, клима уред (вклучен во цена јули и август, во јуни и септември се доплаќа 5 еур. на ден по соба), фрижидер, фен. Промената на пешкири и чаршави е еднаш неделно.

ЦЕНОВНИК И УСЛОВИ

 

Период Бр.на ноќи Соба 1/2
26.05 – 02.06 7 190 
02.06 – 09.06 7 220 
09.06 – 16.06 7 270 
16.06 – 23.06 7 290 
23.06 –  30.06 7 320 
30.06 – 07.07 7 340 
07.07 – 14.07 7 360 
14.07 – 21.07 7 360 
21.07 – 28.07 7 360 
28.07 – 04.08 7 360 
04.08 – 11.08 7 360 
11.08 – 18.08 7 360 
18.08 –  25.08 7 360 
25.08 – 01.09 7 290 
01.09 – 08.09 7 260 
08.09 – 15.09 7 230 
15.09 – 22.09 7 210 
22.09 – 29.09 7 190 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПОЈАДОК (BB)

Задожолжителна  доплата за туристичка такса 2,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

  • Појадок од 08:00ч до 10:00ч секој ден, шведска маса со самопослужување.
  • Доплата за вечера – 15€ по лице по оброк, деца до 10,99 години -10 € по оброк

Превозот се доплаќа

Повратен превоз Еден правец
Возрасен 45€ 35€
Деца од 02-12 год. 35€ 25€
Деца до 2 год. Бесплатно (без седиште) Бесплатно (без седиште)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

НАПОМЕНА

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во собите е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на собите е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.
  • За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.