да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“!
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

Во случај на отказ на резервација уплатена со ваучер издаден за неискористени услуги поради епидемијата со Covid19 во 2020 година, патникот изрично прифаќа во случај на отказ да му биде издаден нов ваучер на износот уплатен со ваучер намален за евентуалните отказни трошоци опишани во програмата и договорот за патување.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

КОВИД ГАРАНЦИЈА:
Во случај на отказ на резрвацијата до 31.03.2022 г. поради доле наведените причини, се гарантира целосна рефундација на уплатените средства на патникот.
* Доколку врз резервацијата влијаат околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 или пак новите протоколи за патување и заштита кои не биле актуелни во времето на објавување на понудите и направената резервација, по барање на патникот целосно ќе му биде рефундиран уплатениот износ за направената резервација или истата ќе биде променета со нов термин за престој во објектот/хотелот.
* Како околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 се подразбираат: затворање на граничните премини, ограничувањата за патување во Грција, ограничувањата на условите за излез и влез во земјата од која заминува или кон која патува патникот, или при болест предизвикана од Covid 19 (со потврда на позитивен ковид-тест).

Печати понуда
Печати понуда