Студијата DIMA, се наоѓаат на високото приземје од истоимениот објект во Лептокарија на само триесетина метри од градската и песочна плажа. Нивната локација, како и квалитетната и модерна опременост, е вистинскиот мотив за ваш вистински избор. Освен со современиот мебел, студијата се опремени и со сите потребни апарати, тв и клима уреди, како и уредени тераси за комфорен престој во текот на летните одмор.

– 10% ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА за уплати до 28.02.2024 !!!

ЦЕНОВНИК | ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2023

ЛЕПТОКАРИЈА апартмани наем DIMA “А” (tv, ac)
наем по лице со превоз термин ноќевања со превоз STD 1/3 (3 лица) STD 1/3+exb (4 лица)
МАЈ 26 7 111 113
ЈУНИ
2 7 130 133
9 7 147 151
16 7 167 172
23 7 180 185
30 7 193 199
ЈУЛИ
7 7 208 214
14 7 224 231
21 7 242 250
28 7 261 270
АВГУСТ
4 7 261 270
11 7 261 270
18 7 251 259
25 7 232 240
СЕПТЕМВРИ
1 7 215 222
8 7 200 206
15 7 174 179
22 7 145 148

Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК | НАЕМ – 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2023

ЛЕПТОКАРИЈА апартмани наем DIMA “А” (tv, ac)
по апартман без превоз термин ноќевања STD 1/3 (3 лица) STD 1/3+exb (4 лица)
МАЈ 26 7 131 136
ЈУНИ
2 7 170 176
9 7 204 212
16 7 244 254
23 7 269 279
30 7 296 307
ЈУЛИ
7 7 325 338
14 7 357 371
21 7 393 409
28 7 432 449
АВГУСТ
4 7 432 449
11 7 432 449
18 7 412 428
25 7 374 389
СЕПТЕМВРИ
1 7 340 354
8 7 310 322
15 7 258 268
22 7 199 206

Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Употребата на клима уред во DIMA “А” е бесплатна (каде што е достапен),
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (30 EUR за дете 02 до 12 год.)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 04:00 ч. (паркинг спроти хотеl Holiday Inn”)
– Велес, во 04:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 05:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 05:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 06:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 01.10.2023 година, или до објава на нов ценовкик.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“!
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Печати понуда
Печати понуда