Првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра е Неа Каликратија, оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos).…Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 5 километри од градот се наоѓа познатата плажа Sahara, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

Вилата Evi I е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Во оваа вила располагаме со простран апартман што се наоѓа на вториот спрат. Опремен е со кујнателевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманот има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Локација на објектот

 -10% попуст за целосна уплата до 28.февруари 2022

Печати понуда
Печати понуда