Villa Vaso се наоѓа во средишниот дел на Лептокарија во близина на плоштадот, зелениот парк и пешачката зона на градот. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат мноштво продавници, ресторани и пекари, неопходни за време на летниот пресој. Лоцирана покрај улицата која од железничката станица води до неколкуте големи супер маркети, за гостите со сопствен превоз е лесно поврзана со сите делови и плажи на градот. За оние кои пристигнуваат со организиран превоз, патеката од околу седумстотини метри до најблиската градска плажа, води низ преминот кај  железничката станица и улицата која излегува на неа. Во својот состав вилата располага со четири комфорни трокреветни студија на првиот кат, сите опремени со балкони, мини кујни, тоалети, мебел, ТВ и клима уред. Во убаво уредениот двор, на располагање на гостите се и покриената тераса со скара, гарнитура за седење, како и летен тоалет со туш кои се погодни во деновите на смена на групите. Паркирањето на возилата е можно на самата улица пред вилата.

– 10% ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА за уплати до 28.02.2024 !!!

ЦЕНОВНИК | ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2023

ЛЕПТОКАРИЈА апартмани наем VASO “B” (tv, ac+)
по апартман без превоз термин ноќевања STD 1/2+exb (3 лица)
МАЈ 26 7 108
ЈУНИ
2 7 140
9 7 168
16 7 201
23 7 221
30 7 243
ЈУЛИ
7 7 268
14 7 294
21 7 324
28 7 356
АВГУСТ
4 7 356
11 7 356
18 7 339
25 7 308
СЕПТЕМВРИ
1 7 280
8 7 255
15 7 213
22 7 164

*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

 

ЦЕНОВНИК | НАЕМ – 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2023

ЛЕПТОКАРИЈА апартмани наем VASO “B” (tv, ac+)
наем по лице со превоз термин ноќевања со превоз STD 1/2+exb (3 лица)
МАЈ 26 7 99
ЈУНИ
2 7 115
9 7 129
16 7 146
23 7 156
30 7 167
ЈУЛИ
7 7 179
14 7 192
21 7 207
28 7 223
АВГУСТ
4 7 223
11 7 223
18 7 215
25 7 199
СЕПТЕМВРИ
1 7 185
8 7 173
15 7 152
22 7 127

*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
Цените се однесуваат по соба на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употреба на клима уред (ac+) во VASO се доплатува во објектот (5€/на ден, каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)

 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 06:00 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”)
– Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција:

– Истиот ден попладне.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2024 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услуги

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Печати понуда
Печати понуда