БАРСЕЛОНА во Март

4 Дена

БАРСЕЛОНА – Софистицирана, елегантна и романтична стара дама. Импресивните и необични градби на Антонио
Гауди го чинат овој град единствен, а благодарение на широкоградиот дух на Шпанците таа не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас, како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела .

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

Цена за рана уплата до 20.12 559 евра (34.660 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 599 евра (37.140 денари)

Факултативни излети:
Посета на Фигерас и Гирона – 95 евра (задолжително пријавување во агенција) – Вклучено е организиран превоз, резервација, локален водич и влезница за музјот на Дали
Посета на Шпанско село – 25 евра
Посета на Саграда Фамилија 35евра – (индивидуални влезници)

Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби. Дето до 2 години плаќа 4900 денари.
Едно дете до 12 години плаќа 519 евра во придружба на две возрасни лица се сместува на дополнително легло.

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 18 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

БАРСЕЛОНА во Март
Од 34660ден
/ Возрасни