КИНА – ПЕКИНГ, СИАН & ШАНГАЈ

6 Дена

КИНА – Добредојдовте во земјата каде што минатото и иднината се среќаваат во совршена хармонија! Кина е мистична,
величествена и бескрајно разнолика – од древните ѕидови што зборуваат за илјадници години историја, до модерните
метрополи кои сјаат во светлината на новото време. Ова е земја на култура, духовност и откритија што ќе ве инспирираат и
засекогаш ќе останат во вашето срце.
ПЕКИНГ – срцето на империјата, е град каде секој камен раскажува приказна. Од моќниот Забранет град до
величествениот Голем Ѕид, тука ќе ја почувствувате величината на древните династии и духот на современа Кина.
СИАН – чуварот на вечноста, некогашна престолнина на најстарите кинески царства, денес Сиан е жив музеј под отворено
небо. Домот на прочуената Армија на теракотните војници, овој град е симбол на историја, култура и трајна традиција.
ШАНГАЈ – бисерот на Истокот, модерен, космополитски и полн со живот, Шангај е град што никогаш не спие. Меѓу
неонските светла и старите улички ќе го откриете вистинското лице на современа Кина – елегантна, динамична и
безвременска

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕТО:

  • За македонските државјани НЕ Е ПОТРЕБНА виза за влез во Кина, за престој помалку од 30 дена.
  • Патниците кој патуваат со друг пасош да проверат во својата амбасада дали им е потребна виза за влез во Кина.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува.
  • Локалното време е плус 7 часа во однос на времето во Македонија.
  • Кина е земја каде што е вообичаено и задолжително да се дава бакшиш за услуги во хотели, ресторани, автобуси…

Забелешки:

.

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници. Во случај на помал број пријавени
    патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
  • За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други
    објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети,
    аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е минимум 10 патници, во спротивно
    цената може да биде соодветно корегирана.
  • Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и
    пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во
    агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • За оваа програма важат Општите Услови на Патување

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

КИНА – ПЕКИНГ, СИАН & ШАНГАЈ
Од 117490ден
/ Возрасни