Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден на медитеранот е на островот Крф. Посетители од цела Грција, но и светот доаѓаат токму тука за да ја доживеат уникатната прослава на овој остров. Главните случувања се одвиваат во градот Крф на Велика сабота, кога се изнесуваат моштите на Светецот Спиридон и свеченото фрлање на ќупови од зградите на плоштадот Спианада. Ова е една од најтрогателните прослави на Велигден во светот, каде точно на полноќ со огромен огномет се означува Христовото Воскреснување.Бидете дел од оваа несекојдневна прослава. Програмата е посветена на одбележувањето и прославата на Велигденските празници и целата магија на островот, па затоа за Вас обезбедивме хотелско и апартманско сместување кое е најблиску и најпристапно за нејзино следење.
ПРОМО ЦЕНА 149 евра, редовна цена 169 евра.
Собиралишта Велес, Неготино, Смоквица, Гевгелија, Дреново, Прилеп, Битола
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70 евра
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Дама Травел


