Нова година Андалузија 2026

7 Дена

Опис

Земја на сонцето, фламенкото и богатото културно и уметхичко наследство
Добредојдовте во срцето на јужна Шпанија, каде што мавританската историја и фасцинантна архитектура се испреплетува со
шпанската традиција. Белите села се спуштаат по планинските падини, а мирисот на портокалови цветови и звукот на гитара ќе ве
водат низ секој агол. Ќе ги откриете градовите на уметноста и архитектурата – Севиља, Гранада, Кордоба и Малага, ќе се
восхитувате на Алхамбра, на старите еврејски и мавритански квартови и на живописната андалузиска култура што плени со својата
топлина и колорит. Андалузија е и дом на вистинското фламенко – страстен израз на душата, како и на богата гастрономија во
која ќе уживате преку вкусовите на тапаси, пршута, маслиново масло и квалитетно вино. Програма низ која ќе го доживеете овој
дел од Шпанија со сите сетила!

АНДАЛУЗИЈА – НОВА ГОДИНА
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ : 28.12.2025 – 03.01.2026
УСЛУГИ  Ноќевање со појадок

ХОТЕЛ 4* и 3*

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ- 6 Ноќи / 7 Дена

EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 15.11.2025 : 1295 € / 80.290 мкд
РЕГУЛАРНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТН СОБА : 1395 € / 86.490 мкд

Доплата за еднокреветна соба : 215 € / 13.330 мкд
Попуст за дете од 02-11,99 години : -60 € / 3.720 мкд

Важни Забелешки:

• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници,
организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна
петнаесет (15) дена пред поаѓање.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други
објективни причини.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може
да биде соодветно корегирана.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на
влезниците во локалитетите.
• За оваа програма важат Општите Услови на Патување.

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Нова година Андалузија 2026
Од 86490ден
/ Возрасни