Нова година Белград 2026

3 Дена

Опис

Дочек на Новата година во енергичниот Београд
Добредојдовте во градот кој никогаш не спие! Београд, познат по својот неповторлив ноќен живот, боемската душа на Скадарлија и волшебниот спој на модерно и традиционално, е една од најатрактивните дестинации за празничен дочек на Балканот.

Нашата понуда за Нова година во Београд ви носи вистинско урбано искуство: прошетки по Кнез Михаилова, погледи кон Калемегдан, вкусна српска кујна и, секако, спектакуларна новогодишна ноќ на пловните клубови и познатите белградски сплавови. Сместувањето, активностите и празничната програма се внимателно избрани за да го почувствувате градот во најдобро светло.

Подгответе се за доживување исполнето со адреналин, забава и моменти кои ќе ги паметите долго време. Добредојдовте во Београд – градот на добрата енергија!

Цена: 7990ден.

Напомена: Може да се патува со лична карта или пасош.Рок на пријавување до 22.12.2025

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Нова година Белград 2026
Од 7900ден
/ Возрасни