Опис
Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
Цена:16678
НАПОМЕНА:
– – За single соба се доплаќа дополнителни 100 евра
– – Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– – За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– – За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– – За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
– – Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– – Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– – Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
– – За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ


