Опис
Добредојдовте во градот што живее со истата страст веќе илјадници години! Рим, со своите монументални плоштади, антички споменици и романтични улички, нуди незаборавно празнично доживување исполнето со уметност, историја и италијански шарм.
Нашата понуда за Нова година во Рим ви овозможува да го доживеете градот во целата негова величественост: прошетки покрај Колосеумот, фрлање паричка во Фонтана ди Треви, уживање во вкусната римска кујна и празнична атмосфера на плоштадите кои блескаат под новогодишните светилки.
Подгответе се за дочек во стил, исполнет со емоции, убави моменти и допир до вечната историја. Добредојдовте во Рим – градот каде секој агол е уметничко дело!
РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ – ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:
| РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ | BASIC | SUPERIOR | PREMIUM |
| Организиран пешачки панорамски разглед на Рим (со метро) | √ | √ | √ |
| Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница и метро карта. | 20€ | √ | √ |
| Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница. | 70€ | √ | √ |
| Посета на Тиволи со превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д’Есте. | 75€ | 75€ | √ |
√-вклучено во пакет цената на аранжманот!
НАПОМЕНИ:
–За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
–За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување.


