Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија… А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам… Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж… Дизниленд во Париз е местото каде што вашите соништа на Дизни се остваруваат! Замоци, шоуа, огномет, паради и вашите омилени ликови се комбинираат за да ви овозможат прекрасно поминато време. Дизни ги возбудува сите – деца, тинејџери и возрасни!!!
Цена за ранa уплатa до 20.12: 549 € / 34.040 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 € / 37.140 мкд
Цена на факултативи:
Версај – влезница за возрасни со аудио водич 40евра, деца и младинци до 18 години 5евра.
Лувр – влезница за возрасни со аудио водич 35евра, деца и младинци до 18 години 5евра.
Крстарење по Сена – 25 евра за возрасни, за деца до 12 години 15 евра.
Дизниленд – влезница само за забавниот парк (1 парк) , за возрасни 90евра, за деца 3 – 11 години 85евра. Задолжително резервација во агенција. Трансферот со брз воз RER е околу 10 евра во правец.
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни во хотел ИБИС и трокреветни соби во хотел НОВОТЕЛ. Двата хотели се еден до друг.
Дете до 2 години полаќаат 4.900мкд, дете 2-12години плаќаат 519евра во придружба на 2ворасни лица.
Фамилии со 2 деца мора да бидат сместени во 2 двокреветни соби.
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.


