ПРАГА во Март

4 Дена

Прага во март – град на приказни што се будат со пролетта.
Со првите топли денови, Златниот град станува уште поубав: тивките калдрмени улици, мостовите над Влтава и старите барокни фасади добиваат нов сјај. Март е идеален за откривање на чаршијата, замокот, скриените кафулиња и уникатната боемска атмосфера – без туристички метеж. Прага во март е совршено романтично и инспиративно патување.

Цена за рана уплата до 20.12: 389 евра (24.120 мкд)
Цена на аранжманот: 439 евра (27.220 мкд )

Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

ПРАГА во Март
Од 24120ден
/ Возрасни