Рим во март – идеалното време да го почувствуваш вечниот град!
Пролетната атмосфера го разубавува Рим, улиците се потивки, времето е пријатно, а градот блеска со својата историја и романтика. Март е совршен месец за да ги прошеташ античките локалитети, да уживаш во автентична италијанска кујна и да го доживееш Рим без летните гужви. Вечниот град во март нуди вистинско уживање – култура, вкус и стил во секој чекор.
Цена ранa уплатa до 20.12: 519 € / 32.180 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 579 € / 35.900 мкд
Факултативни излети:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница 70 евра – задолжително пријавување и уплата во агенција
Посета на Тиволи со локален водич и влезница 70 евра – задолжително пријавување и уплата во агенција
Разглед на РИМ – 20 евра
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
Дете од 2 до 12 год. плаќа 499 евра.
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.


