БАЈКОВИТА ШВАЈЦАРИЈА
(Лозана, Женева, Монтре, Берн, Цирих, Луцерн)
АВИОН / 5 дена / 4 ноќи
Доживеј ја Швајцарија во март – совршена комбинација од пролетна свежина и зимска магија!
Овој период е идеален за да ги посетиш живописните швајцарски градови, да уживаш во чисти езера, планински панорами и тивки алпски предели. Март носи помалку гужви, поповолни цени и можност да искусиш и скијање и пролетни прошетки во исто време. Швајцарија во март е вистинско мало бегство за душа – мир, природа и европска елеганција во една авантура.
попуст за ранa уплатa до 20.12: 759€ (47.060мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 799€ (49.540мкд)
НАПОМЕНИ:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
Дете од 2 до 10 год. плаќа 699 евра.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.


