Апулија (Пуља) регионот сместен на „штиклата“ на Италијанската чизма, се граничи соодветно со Јадранското и Јонското Море и со регионите Basilicata, Campania и Molise. Има површина од 19.348 км2 и е претежно рамничарски со ниски брегови пробиени од планинскиот полуостров Гаргано и висорамнината на областа Мурге. Овој регион – кој останува релативно непознат за странските туристи – е еден од најубавите во земјата. Па зошто да ја посетите Пуља, прашувате?
По своите природни карактеристики и географска положба, бидејќи се наоѓа во средината на Средоземното Море, Пуља е омилена дестинација на имигрантите уште од 3-от милениум п.н.е. Грчката колонизација започнала во 19 век п.н.е. и отишла се до 8 век п.н.е., кога ја достигнала својата кулминација. Таранто бил симбол на процутот на Голема Грција, но по војните против Месапијците и Луканците, тие се здружуваат со Римјаните за да најдат крајбрежен излез. Следуваше период на декаденција се до конечна победа на Римјаните во 242 п.н.е. Откако целиот регион бил освоен, Рим започнал културно и граѓанско обединување на овие етнички различни луѓе. Поморските комуникации со Епир, Македонија, Грција, Сирија и Египет поттикнаа културни и комерцијални размени и изградба на многу патишта за да се олеснат патувањата до Италија.
Христијанството се проширило во Пуља и биле изградени многу епископски седишта. За време на германско-византиските војни, започнало мрачно доба и траело до инвазијата на Ломбардите во Бриндизи. Во 9. век муслиманите го освоиле Таранто, а Бари станал емират. Но, и Бари во 876 година и Таранто во 880 година се вратиле во Источната империја. Од 9 век до 19 век, Пуља била освоена од Сарацените, Византијците, Норманите, Кралството Сицилија, Кралството Неапол, Хоенштауфените, Шпанците и Французите… и тоа да не зборуваме за крајбрежните окупации од Турците и Венецијанците…Резултат : многу средновековни замоци, но не само тие…куќите изветвени од сонцето, азурната вода, плажите со бел песок, средновековните цркви, огромните плантажи на лимон и маслинки, вкусната храна…не треба да ја користите вашата имагинација, само дозволете Пуља да Ве прегрне…
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 17.920,00 денари (289 €) – за УПЛАТА на 50% од аранжманот до 01.03.2026 !
19.780,00 денари (319 €) – редовна цена
ВАЖНО : Минимален број на патници потребен за изведување на факултативата е 25.


