ДАМА ТРАВЕЛ – ОПШТИ УСЛОВИ
ОПШТИ УСЛОВИ
1.Содржина на аранжманот
организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата.содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин,освен во случај на “виша сила” (војна, штрајк, терористички акции,елементарни непогоди и сл)
2.Пријави и уплати
Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата,со уплата на аконтација назначена на секоја поединечна програма. Пријавите можат да се извршат во агенцијата Бран и во сите агенции овластени за продажба на овие програми.При пријавувањето купувачот уплаќа 30 % од вредноста на аранжманот,а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализација на аранжманот.При пријавувањето патникот потпишува пријавадоговор со назнака Изјавувм дека сум запознат со програмата и Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам со што Општите услови стануваат правна обврска за организаторот и патникот.
3.Цена на аранжманот
Цените за сите патувања се објавени во соодветна валута во програмата.Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања.Организаторт го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските,превозните и други услуги,како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот.За зголемување на цената до 10% не потребна согласност на купувачот(се пресметува на двата дела од уплатата.При зголемување поголемо од 10%купувачот има право го раскине договорот без обврска да јја надокнади штетата
4.Категоризација и опис на услугите
Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот.Квалитетот на услугите е под надзор на локалните тур.организации,стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема никакв одговорност за било каква усмена или писмена информација која не е во согласност соописот на услугите на овие програми.
5.Измени во програмата и право на отказ на аранжман
Организаторот има право да ја измени програмата(во време траењето или содржината)во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди,избегне или отстрани.Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман.Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот И д аим ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.
6.Откажување на патувањето
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето И тоа треба да го направи во писмена форма.Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци(во однос на основната цена на аранжманот),според дадената скала: за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5% за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 20 % за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 25% за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50% за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90% ако патникот не се појави или го отказ аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот.Во случаj на веќе уплатените аранжмани со попусти и рани запишувања(EARLY BOOKING),средствата не се враќаат доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (повраток на средства) само, доколку се најде замена за веќе резервираната соба.Во случај на отказ на веке потврдена резервација на упит,организаторот ке наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот арнжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврдено поаѓање ,доколку е можно организаторот ке изврши поромена на резервација и ќе наплати манипулативни трошоци во висина од 5 еур.Доколку патникот се откажува од патувањето ппоради причини кои не можел да ги предвиди,избегне или отстрани(болест или смрт во потесното семејство,елементарна ,воена обврска и сл), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи ,во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само реалните трошоципроизлезени од отказувањето на аранзманот.
7.Обврски на организаторот на патувањето
Организаторот е обврзан да се гризжи за реализација на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор,и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот.Организаторот е должен дам у ги овозможИ на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранзман во програмата и одговара за неизвршување на услугите или дел од услугите.Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејстбо на виша сила како И од доцнење на превозните средства ,за кои превозникот не одговара според позитивните прописи и меѓународните конвенции.Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатскоконзуларното претставништво го одбие издавањето на влезната виза или доцни со издавањето на визата,или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник,ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуална неисправност или губење на патните документи на патникот.Во овие случаи патникот ги плаќа дополнителните трошоци.
8.Обврски на Патникот
Патникот е обврзан да се грижи да тој лично,неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните,царинските,здравствените и другите прописи на својата земја како И на земјата во која патува,да се придржува кон куќкниот ред во угостителските и хотелските објекти,како и во превозните средства И да соработува со претставникот на организаторот и извршителите на услуги во добра намера.Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на организаторот за направената штета.Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото може да бидат отстранети од аранзманот.Патникот е должен да поседува важечки пасоши да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјата низ кои се патува во трансит) е потребна виза,за да таа навреме се обезбеди.Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои се патува.
9.Багаж
Патникот има право на бесплатен превоз до 15кг багаж на чартер летовите и 20кг на редовните линии.Кај автобускиот чартер превоз,дозволен е бесплатен багаж од една патна торба до 20кг по патник.За секој килограм багаж односно патна торба,преку дозволеното се плаќа во зависност од дестинацијата на патување.Деца до 2 год.на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот немаат право на бесплатен багаж.Багажот се превезува на ризик на патникот,поради тоа препорачуваме осигурување на багажот кај осигурителното друштво.Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж или драгоцености во хотелот(препорачуваме наме на сеф)
10.Здравствени прописи и заштита
Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја(потреба од вакцина или здравствен документ).Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Препорачуваме здравствено осигурување за случај на болест или незгода за време на престојот во странство,кај осигурутелното друштво.
11.Сместување во соби и аппартмани
Доколку купувачот не договорил соба/аппартман со посебни карактеристики,ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сметување во договорениот објект,опишана во каталогот и ценовникот.Доколку е можно,организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор,ориентација на собата,кат и сл) но не може да гарантира исполнување на таквото барање.Сместувањето во собите е од 14.00ч а напуштањето на собите до 10.00часот,доколку во куќниот ред не е поинаку наведено.
12.Решавње на приговори
Во случај на непотполно и неквалитетно извршување на услугите патникот има право на сразмерно обештетување доколку приложи писмен приговор.Секој патникносител(потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга.Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор Постапка на поднесување приговор: ВеднаШ на самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кај преставникот на организаторот,а доклоку истиот го нема,кај извршителот на услугите.Патникот е должен да соработува со преставникот и со извршителот на услугите.во добра намера за да се одстранат причините на приговорот.Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга ,организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата Ако причината за рекламацијата не биде одстранета,патникот за тоа составува со преставникот писмена потврда (записник). Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот,патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот ,и ја приложува писмената потврда(записникот) потпиешана од преставнмкот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци.Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документирание приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена. Организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место.Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирње на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите.Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат отсранети причините кои ги предизвикале. Додека организаторот не донесе решение по приговорот,патникот се откажува од посредување на било кое друго лице,судска постапка или давање информации во јавните медиуми. Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на реламираниот дел од услугите,но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот.Со ова се исклучува правото на купувачот на идеална штета.
13.Надлежноста на судот
Во смисла на точка 13 Од овие услови,купувачот на услугите од одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето.Доколку купувачот не задоволен со решението на организаторот,има право да побара дополнителна арбитража од страна на АТАМ или од страна на надлежниот суд.