Малта Лето 2026

7 Дена

ЛЕТНА АВАНТУРА НА МАЛТА

Термин: 19.06.2026 –26.06.2026
РЕДОВНА ЦЕНА: 649 € / 40.240 мкд
ПРОМО ЦЕНА: 599 € / 37.140 мкд

Термин: 26.07.2026 – 02.08.2026
РЕДОВНА ЦЕНА: 699 € / 43.330 мкд
ПРОМО ЦЕНА: 649 € / 40.240 мкд

Малта, островска држава во средината на Средоземно море ја чинат трите најголеми и населени острови, Малта, Гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеле христијанството… Впечатливите бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот ја прави Малта монденско место.

Детали за лет :

19.06-26.06.2026

W6 4765  20:45 22:35 Skopje (SKP) Malta (MLA)
W6 4766  23:05 00:50+1Malta (MLA) Skopje (SKP)

26.07-08.02.2026

W6 4765  06:45 08:30 Skopje (SKP) Malta (MLA)
W6 4766  09:05 10:45Malta (MLA) Skopje (SKP)

Напомена:

Доплата за еднокреветна соба – 9.800 мкд

Деца до 1.99 год плаќаат 3100 мкд

Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни

Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
  • При отказ на резрвација од страна на клиентот или промена на име, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Малта Лето 2026
Од 37140ден
/ Возрасни