Шри Ланка, остров, кој поради својата местоположба – јужно од Индија и поради својата форма, се нарекува и „солза на Индија“. Опкружен со Индискиот Океан, островот е дом на бескрајни песочни плажи, многу лагуни и големи површини со тропски шуми.
Поради својата богата природа и совршена клима, со векови била мета на разни освојувачи и колонијални сили.
Денешното име доаѓа од зборот „ланка“, што значи остров, додека зборот „шри“ значи свето.
Откријте ги тајните на Шри Ланка, островот сличен на дијамант и почувствувајте го гостопримството преку насмевките на неговите домаќини.
Шри Ланка е исто така богата со разновидна флора и фауна. Дури 27% од растенијата и 22% од животните на островот се ендемски видови, уникатни за таа област. Мешавината од егзотични вкусови и ароми што ги проткајуваат модерните и традиционалните јадења, прекрасните пејзажи исполнети со антички градби и рајските плажи полни со патници од целиот свет, желни за забава, ќе го направат патувањето низ оваа земја незаборавно.
Островот се смета за еден од најубавите предели во светот. За релативно мал остров, тој има впечатлива културна и природна разновидност. Со самото стапнување на островот, вашите сетила ќе бидат преплавени од топлиот тропски воздух, опојната арома на зачините и егзотичните овошја, како и светлите бои на дивите цвеќиња. Патувајќи ќе се сретнувате со плантажи со чај, кокосови шуми, бујната тропска џунгла, бројни водопади, езера, планини. Убавините на Шри Ланка ќе ги запознавате и преку истражување на областа Дамбула, карпите Сигирија и колонијалните градови Канди и Гале. Преку посетата на древните храмови од минатите цивилизации, возејќи шарен Тук-Тук, ќе ѕирнете и во прекрасни ботанички градини со зачини и орхидеи, запознавајќи го традиционалното село и можноста за берење чај на плантажа.
За време на вашето патување ќе имате можност да сретнете и слонови во нивното природно живеалиште, како и разиграни мајмуни кои слободно се движат низ националните паркови, храмови и џунгли. Целата таа тропската природа, водопадите и зеленилото ќе создаваат сцени како од филм.
Ова патување е идеално за оние кои бараат комбинација од авантура, природна убавина и релаксација на рајските плажи со златен песок.
ШРИ ЛАНКА – ДОМОТ НА СЛОНОВИТЕ
//
Рана уплата до 25.08: 1749 евра (108.440 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1949 евра (120.840 денари)
//
Напомени:
Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.
Трето лице добива попуст од 95 евра.
Дете од 2 до 6 год. добива попуст од 280 евеа (без кревет). Дете од 6 до 12 год. добива попуст од 120 евра на дополнителен кревет.
За комплетна реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. Доколку бројот на пријавени е помал од 15 програмата ќе се реализира но без присуство на претсатвник од агенција. За време на престојот во Шри Ланка групата ќе има возач/водич на англиски јазик и попатна асистенција на српски јазик.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ (Примери)
Ќе ги обезбедиме следните хотели или слични во категоријата 3*/4*. Сите хотели се на одлични локации и нудат одлична услуга. Ова е пример за тоа што можете да очекувате од вашиот сместувачки капацитет. Вистинскиот хотел може да биде различен, но сличен во однос на она што го нуди.
СИГИРИЈА – Хотел „Into the wild“ 3*
„Into The Wild“ Сигирија се наоѓа во средината на природата. Наутро ќе ве разбуди пеењето на птиците, а навечер искрите на светулките ќе ве придружуваат до креветот. Ако имате среќа, навечер дивите слонови доаѓаат од џунглата близу до хотелската област, толку блиску што можете да ги видите нивните сенки и да го чуете нивниот здив. Уникатно и импресивно искуство, кое сигурно ќе остане незаборавно.
КАНДИ – хотел „Galaxy city“ 3*
На само 13 минути пешачење од католичката катедрала „Црквата Свети Антониј“, хотелот „Galaxy City“ во со 3 ѕвездички нуди поглед на планината и Wi-Fi низ целиот објект. Урбан и модерен хотел кој нуди удобно сместување во близина на градот Канди и сите важни знаменитости.
ЕЛА – BBQ Hub 4*
Сместен во живописните ридови на Ела, Шри Ланка, BBQ HUB Ella нуди прекрасно одморалиште за патници кои бараат и релаксација и авантура. Овој хотел со 4 ѕвездички е дизајниран да обезбеди незаборавно искуство, комбинирајќи модерни удобности со спокојната убавина на природата. Без разлика дали сте тука за да ги истражите бујните пејзажи или едноставно да се опуштите. BBQ HUB Ella претставува идеален избор за незаборавно бегство во една од најшармантните дестинации во Шри Ланка.
ЈУЖЕН БРЕГ – хотел Pearl Island Beach 3*
Сместен директно на златната песочна плажа во Хикадува, Pearl Island Beach Hotel е совршен избор за сите кои сонуваат за егзотичен одмор покрај Индискиот Океан. Хотелот нуди мирна атмосфера, прекрасен поглед кон океанот и вистинско уживање во тропскиот рај. Хотелот располага со ресторан кој служи традиционални шриланкански и интернационални специјалитети, додека секое утро ве очекува појадок со поглед кон Индискиот океан. Лоциран на една од најубавите плажи во регионот, идеална база за истражување на коралните гребени, средби со морските желки и откривање на природните убавини на Шри Ланка. Центарот на Хикадува е на кратко растојание, што овозможува лесен пристап до локални ресторани, продавници и ноќен живот.
КАТУНАЈАКЕ – хотел Silina Airport Residence & Transit Hotel 3*
Сместен на само неколку минути од меѓународниот аеродром Бандаранаике, Silina Airport Residence & Transit Hotel е идеален избор за прва или последна ноќ во Шри Ланка. Хотелот нуди мирна атмосфера, удобни соби и одлична локација за патниците кои сакаат безгрижен престој по долгиот лет. Модерно уредените и климатизирани соби располагаат со приватна бања, бесплатен Wi-Fi и сите неопходни содржини за удобен престој.
Дополнителни информации:
Официјално име: Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка (во минатото Цејлон)
Главен град: Сри Џајаварденепура Коте
Најголем град / економски центар: Коломбо (Често се смета за комерцијален и културен центар, но не е официјален главен град)
Површина: 65.610 км2
Население: околу 22 милиони. Синхали 75%; Тамил 11%, други 14%
Религија: Будисти 70%, Хинду 13%
Валута: Шриланканска рупија LKR
Облека и обувки: лесна памучна облека (џемпер или лесна јакна за наутро и навечер)
Напон: 230V/240V (потребен е адаптер)
Вакцинација: не е потребна
Временска разлика: +3,5 часа во лето / +4,5 часа во зима
Клима: Тропска клима со просечна годишна температура од 28’C.
Храна и пијалоци: Шри Ланка нуди богата кујна со многу зачини, кокос и свежа морска храна. Се препорачува да се пробаат традиционалните Rice & Curry, Hoppers, Kottu Roti, како и свежи рибни и морски специјалитети, особено на крајбрежјето. Од овошје – манго, папаја и ананас, како и традиционални десерти со кокос. Од пијалоци, задолжително пробајте цејлонски чај, свеж кокосов сок (King Coconut) и природни овошни сокови. Од десерти – слатки палачинки (Hoppers) од кокос и ориз. Храната може да биде лута – побарајте „not spicy“. Се препорачува консумирање флаширана вода.


