Азурен Брег- (Ница • Кан • Антиб • Сен Тропе • Ез• Монако • Монте Карло) 3НП Нова Година

6 Дена

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање

Доколку багажот се додаде дополнително, цената може да биде повисока од првично понудената, бидејќи авиокомпанијата го задржува правото на промена на цените. За точната цена, ве молиме консултирајте се со агенцијата.

Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ДАМА ТРАВЕЛ

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Бројот на собата, катот и позицијата на собата се доделуваат од страна на хотелот при пристигнување и не можат однапред да се гарантираат.

За ова патување важат Општите услови на агенцијата

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Азурен Брег- (Ница • Кан • Антиб • Сен Тропе • Ез• Монако • Монте Карло) 3НП Нова Година
Од 17990ден
/ Возрасни