Нова Година БЕЛГРАД – Нови Сад

4 Дена

Оваа нова година, повторно Ве водиме во градот кој никогаш не спие – БЕЛГРАД. Посетете го градот каде што се сретнаа Дунав и Сава, посетете ја црквата Свети Сава – најголемата православа црква на Балканот, тврдината Калемегдан како еден од најшармантните паркови во светот, Белград Waterfront, прошетајте по најпознатата улица Кнез Михајлова …..

Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот

Цена на аранжманот:

159еур / 9.858,00 мкд
169 еур / 10.478,00 мкд

НАПОМЕНА!!!

· За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници

· Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање

· Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.

· За факултативните излети се потребни минимум 30 патници

· Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.

· Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари

· За сингл соба се доплатуваат50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет

· Дете од 0 – 1,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител, немаат седиште во автобус)

· Дете од 2 – 3,99 години плаќа 50% одсумата(спијат во кревет со родител, имаат седиште во автобус)

· Дете од 4 до 12 години плаќа 100% од сумата на аранжманот.

· Резервации за одреден кат или страна не е можна.

· Селекција на седиште во автобус!Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

· Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

· За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.Дама ТРАВЕЛ и СКТМ

Опис на сместувањето:
– Хотел N – удобност и одлична локација за вашиот новогодишен престој во Белград!Сместен во мирен дел на градот, на само 15 минути од центарот, Хотел N е одличен избор за пријатен и безгрижен престој за време на новогодишните празници.
Удобните и пространи соби, пријатната атмосфера и одличната локација овозможуваат совршена комбинација од одмор иуживање во празничниот Белград.
Во близина се Бајфордова шума, Спортскиот центар „Бањица“ и планината Авала, додека центарот на Белград е на кратко возење. Резервирајте го вашиот престој навреме и поминете ја Новата година во Белград со удобност и стил.

Опис на факултативите:

Нови Сад
– Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот

ЦЕНА на факултатива
Возрасен
: 25 евра
Деца од 2 – 12 години
: 15 евра

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Нова Година БЕЛГРАД – Нови Сад
Од 9860ден
/ Возрасни