Вила “Илактида” – Торони

7 Дена

Нов модерен објект лоциран во централниот дел на Торони блиску до сите градски содржини, на 100м од плажа.
Вилата располага со прекрасно уреден двор, сопствен паркинг и скара. Во понуда се трокреветни студија со еден голем брачен и еден единечен кревет, кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ (рамен екран), клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно) Одличен избор за сите кои бараат модерно сместување покрај прекрасна песочна плажа. Вилата Илактида е една од најпродаваните и најбараните во Торони.

ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ
BLACK FRIDAY до -30% за резервации со комплетни уплати до 28.11.2025

Локација
Ilaktida се наоѓа во центарот на Торони, на само 2 минути пешачење од плажата и во непосредна близина на сите потребни содржини – таверни, маркети, пекари, кафулиња и продавници.

Сместување и содржини
Објектот располага со модерни трокреветни студија. Секое студио е уредено со вкус и функционално опремено, и располага со:
– еден брачен и еден единечен кревет
– клима-уред (бесплатно)
– телевизор со рамен екран
– Wi-Fi интернет (бесплатно)
– кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот
– приватен тоалет со туш
– балкон со маса и столови и комарник

Двор и удобности
Вилата има прекрасно уреден двор со зеленило, скара (BBQ) на располагање за гостите и сопствен паркинг. Овие погодности овозможуваат пријатен престој и одмор во опуштена и домашна атмосфера.

Услуга и хигиена
Сместувањето е чисто, современо и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат на 7 дена при влез во собите, а персоналот е љубезен и секогаш подготвен да помогне.

Предности
– Нов, модерен објект во центарот на Торони
– Само 100 метри од песочна плажа
– Бесплатна клима и Wi-Fi интернет
– Сопствен паркинг и двор со скара
– Просторни трокреветни студија
– Еден од најбараните објекти во Торони

VILA ILAKTIDA, TORONI – 100m од море, Цени по соба за наем на 7 ноќи
ПоаѓањеMAJЈУНИЈУЛИАВГУСТСЕПТЕМВРИ
Наем777777777777777777
Термин1724317142128512192629162330613
STD 1/3199249339409535545545599609659659699699659599409339249
BLACK FRIDAY139174237286455463463479487527527629629593539286237174

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во Студио 7 ноќи

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 2 евра по соба од ноќ

НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз:
– Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 евра, дете до 12 години 35 евра
– Неос Мармарас: возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра
– Торони, Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра
* Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)

Важат Општите услови за патување на ДАМА ТРАВЕЛ и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Дама Травел Ви посакува пријатен одмор.

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Вила “Илактида” – Торони