Вила “Наташа” – Ханиоти

7 Дена

Вила Наташа се наоѓа во близина на центарот на Ханиоти, на околу 80 метри од плажата. Вилата располага со студија, апартмани и дуплекс апартмани кои се наоѓаат на втор и трет кат. Сите соби располагаат со комплет опремени кујни, бања, ТВ, Wi-Fi, клима и пешкири. Има лифт, а спроти вилата има јавен паркинг.

Студио бр.30 и бр.31 – трокреветно студио со брачен и единечен кревет на 3кат.

Апартман бр.22 – трокреветен апартман со две соби, кујна со единечен кревет и спална со брачен, на 2кат.

Апартман бр.27 – четворокреветен апартман со две соби, кујна со два единечени кревет и спална со брачен, на 3кат.

Апартман бр.28 – четворокреветен апартман со три соби, кујна и две спални со по два единечени кревет на 3кат.

BLACK FRIDAY 15% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 10.12.2025

ТЕРМИННАЕМ1/3 апп/стд1/4апп/ дуплекс
24.057 ноќи280€370
31.057 ноќи320400
07.067 ноќи390€480
14.067 ноќи450570
21.067 ноќи520620 €
28.067 ноќи590€650 €
05.077 ноќи620€770
12.077 ноќи670850 €
19.077 ноќи670850 €
26.077 ноќи670850 €
02.087 ноќи670850 €
09.087 ноќи670850 €
16.087 ноќи670850 €
23.087 ноќи640750
30.087 ноќи500550 
06.097 ноќи430€490
13.097 ноќи370€450
20.097 ноќи320390

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€

деца до 12 години 40€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Важат Општите услови за патување на ДАМА ТРАВЕЛ и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Дама Травел Ви посакува пријатен одмор.

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Вила “Наташа” – Ханиоти