Вила “Maria Pontoy” – Неа Флогита

7 Дена

Вила Мариа Понтои се наоѓа на 50 метри од песочната плажа на Неа Флогита. Вилата располага со трокреветни и четирикреветни студија. Студијата се опремени со кујна (основен прибор за приготвување на лесни јадења, решо со мини релна и голем фрижидер со комора за замрзнување.), ТВ и клима уред, чие користење е вклучено во цената и wi-fi (вклучено во цена). Агенцијата неможе да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

10% попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2025 на термините во мај, јуни и септември

7% попуст за резервации и целосна уплата до 31.01.2026 на термините во мај, јуни и септември

Вила “Мариа Понтои” – Неа ФлогитаЦените се дадени за наем на стд/апп
Период1/3+1 Апартман1/4 Апартман
09.05.2026 – 16.05.2026*80 90 
16.05.2026 – 23.05.2026*100 110 
23.05.2026 – 30.05.2026190 210 
30.05.2026 – 06.06.2026270 290 
06.06.2026 – 13.06.2026350 370 
13.06.2026 – 20.06.2026410 430 
20.06.2026 – 27.06.2026430 460 
27.06.2026 – 04.07.2026490 490 
04.07.2026 – 11.07.2026550 590 
11.07.2026 – 18.07.2026620 650 
18.07.2026 – 25.07.2026620 650 
25.07.2026 – 01.08.2026620 650 
01.08.2026 – 08.08.2026620 650 
08.08.2026 – 15.08.2026620 650 
15.08.2026 – 22.08.2026620 650 
22.08.2026 – 29.08.2026600 620 
29.08.2026 – 05.09.2026470 490 
05.09.2026 – 12.09.2026430 450 
12.09.2026 – 19.09.2026360 380 
19.09.2026 – 26.09.2026*170 190 
Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.Цените означени со црвено * се промо цени и не подлежат на попусти.

Важни напомени

  • Туристичка такса се плаќа во агенција 2 евра од ноќ од соба.
  • Клима уред бесплатно (ако истиот се користи само кога гостите се во апартманот, во спротивно сопственикот има право да им наплати по 5 евра од ден или да им ја скрати таа услуга.)
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот (минибусот).
  • Секој патник има право на 1 парче багаж.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.
  • За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на втората смена.
  • Попустите за рана уплата , не важат за пакет аранжманите (смените означени со ѕвездичка (*) во табелата)
  • За рано резервирање се уплатува аванс 50% од вредноста на аранжманот додека. остатокот од 50% се доплаќа до крајот на траењето на попустот или онака како што е нагласено на веб страната.
  • Кога има акциски попуст или кога едната смена е со * на втората смена не се одобрува дополнителен попуст.
  • Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените и уплатени резервации.
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување на ТА Дама Травел кои што се наоѓаат на задната страна од договорот за резервација.
  • При промена на патници во резервацијата (по барање на патниците), се наплаќа 10 евра за манипулативни трошоци.
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 50% од целосната вредност на аранжманот, а целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање, освен ако не е поинаку назначено во условите за резервација.
  • Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти средствата не се враќаат доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (повраток на средства) само доколку патникот сам си најде замена за веке резервираната соба.

Автобуски превоз

  • 45 евра за возрасни – повратна карта
  • 35 евра за возрасни – карта во еден правец
  • 35 евра за деца до 12 години – повратна карта
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиштe

Превозникот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на  промена на цената на горивото.

Важат Општите услови за патување на ДАМА ТРАВЕЛ и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Дама Травел Ви посакува пријатен одмор.

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Вила “Maria Pontoy” – Неа Флогита